СЗО со стратегија за заштита од гризнување од змија, нападнати 3 милиони лица годишно

621
Светската здравствена организација (СЗО) ја објави својата прва глобална стратегија за решавање на проблемот со гризнувања од змија, со цел до 2030 година да се преполови бројот починати и онеспособени луѓе.

Секоја година речиси три милиони лица се гризнати од потенцијално отровни змии, што резултира со дури 138.000 смртни случаи.

Минатата седмица, британската добротворна истражувачка организација „Велкам траст“ објави програма вредна 100 милиони долари за справување со овој проблем, наведувајќи дека постојат нови потенцијални лекови што може да се тестираат.

Организацијата „Доктори без граници“ ја прифаќа новата стратегија со „воздржан оптимизам“, но  смета дека таа може да биде пресвртница во решавањето на овој проблем, што СЗО го нарекува „притаена епидемија”.

Стратегијата на СЗО вклучува интензивирање на пристапот во лекување на светско ниво и развој на противотрови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...