Ненаспаност, несоницата, недостаток на енергија, исцрпеноста, дигестивните проблеми, високиот крвен притисок, декоцентрација, главоболка, намалена професионална ефикасност, се само некои од симптомите на стрес и исцрпување на работа, нарушување класифицирано од Светската здравствена организација (СЗО) во 11. издание на прирачникот за Меѓународна класификација на болести како професионален феномен. Договорено е земјите-членки на СЗО да почнат да ја примениваат оваа одлука во здравствените установи од 1 јануари 2022 година.
Експертите на СЗО нагласуваат дека „согорувањето на работа“ најчесто се случува кога барањата на работата односно на работните места ги надминуваат приходите, признанијата и времето за одмор, кога работникот повеќе нема никакви амбиции, но водено страда и од чувство за помала вредност. А, дека проблемот е евидентен најчесто се открива тогаш кога личноста не успева да се релаксира дури и кога е на годишен одмор.
Согорувањето на работа сега се категоризира како синдром како резултат на хроничен стрес на работното место што не е успешно третиран. Меѓутоа, важно е да се исклучи нарушувањето на прилагодувањето, анксиозноста и нарушувањата на расположението и, покрај тоа, овој синдром е ограничен на работното опкружување и не треба да се применува во други области во животот на една личност.
Согорувањето на работа е првенствено поврзано со работното опкружување, како на пример кога постои нескладност помеѓу обемот и оптоварувањето на работа и ресурсите потребни за извршување на работата на смислен начин. Согорувањето на работа е присутно во сите професии – истканува за „Политика“ д-р Маријан Ивануша, директор на Канцеларијата на СЗО во Србија.
Синдром на согорување се дефинира како последица на изложеноста на хроничен стрес при работа што не е успешно надмината. Се карактеризира со три основни димензии: чувство на недостаток на енергија или исцрпеност, негативни чувства или цинизам во врска со работата и намалена продуктивност на работа.
– Задоволството од работата е позитивна емоционална реакција и претставува комбинација на внатрешни и надворешни фактори. Внатрешните фактори го зголемуваат задоволството на вработените, на пример, природата на работата што се извршува, професионалниот развој, чувството на одговорност, достигнувањето … Надворешните фактори го превенираат незадоволството на вработениот и тука можеме да ги вброиме условите за работа, заработувачката, контактот со соработниците, раководителите… Синдромот на согорување е всушност состојба на ментална и физичка исцрпеност, предизвикана од прекумерен и продолжен стрес. Започнува од барањата, притисокот и обемот на работата што ги надминува нечии способности, со индивидуални неуспешни обиди на вработените да се снајдат – истакнува доцент д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ.
Оние кои страдаат од синдром на согорување, особено се плашат да одат на работа, се сомневаат во професионалните способности, се хронично преморени, депресивни, необјасниво лути, постојано чувствуваат криза, чести главоболки, негативен став кон работата, губење на емпатија кон луѓето.
Овој синдром минува низ три различни фази. Во почетната фаза се појавуваат психолошки и физиолошки реакции како што се раздразливост, вознемиреност, чукање на срцето, несоница, заборавност, проблеми со концентрацијата. Втората фаза е реактивна, доаѓа до доцнеење на работа, одложување или избегнување на работните задачи, постојан замор, зголемен цинизам, а понекогаш и зголемено консумирање психоактивни супстанции или целосна апатија. Третата фаза е фаза на истрошеност, кога се јавува хронична депресија, физичко и психичко исцрпување, со можно присуство на самоубиствени мисли.
– За закрепнување од овој синдром потребно е време и простор. Постојат одредени стратегии кои можат да помогнат како во превенцијата така и во закрепнувањето.Пред сѐ, важно е да ги препознаете изворите на стрес на работното место, што понекогаш не е толку очигледно. Основна грижа за севе, како што е доволно спиење, редовна и правилна исхрана, што помалку кофеин и никотин, физичка активност се неопходни. Важно е да не дозволите работата да завладее со вашиот живот, да одржувате активен социјален живот, да не се откажувате од хоби и секојдневни, мали животни задоволства – нагласува д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ.
Нејзиниот заклучок е: ако не можете да ја промените вашата работа – променете го својот однос и поглед на ситуацијата. Треба да се задржи чувството за хумор, да се споделат проблемите со пријателите и семејството, да се запознаете себеси и сопствените граници на толеранција на стрес. Во случај на развој на депресивни, анксиозни симптоми, особено самоубиствени мисли, задолжително да се јавите кај специјалист.
И лекарите под стрес
Одлуката на СЗО за новата дијагноза ја поздрави и Светската медицинска асоцијација, чиј претседател, д-р Леонид Ајделман, објасни дека предолго време проблемот со синдромот на горење на работа во голема мерка бил игнориран и од лекарите.
– Емоционално исцрпените лекари претставуват опасност како за пациентитетака и за самите нив. Цената во однос на човечките животи и пари е ужасна. Бројот на самоубиства кај лекарите како резултат на последиците од синдромот на горење од работа е скандалозен и се надевам дека новата класификација на СЗО ќе ја истакне оваа срамна ситуација – вели д-р Ајделман.