Болест како грип може да помине низ целиот свет за само 36 часа и да убие 50 до 80 милиони луѓе. Ова застрашувачко предупредување стаса од експертите на Светската здравствена организација кои донесоа ваков заклучок на панел дискусијата, организирана од Одборот за надгледување на глобалната подготвеност за пандемија (ГПМБ).
Пандемија на шпанска треска пред еден век инфицирала третина од светската популација, по што починале 50 милиони луѓе. Доколку слично сценарио би се случило и денес, со популација која на големо патува на сите страни од светот, последиците би биле уште полоши, се истакнува во извештајот ГПМБ.
Тимот на здравствени експерти во Одборот за надгледување на глобалната подготвеност (ГПМБ), телото кое заедно го оформиле Светската здравствена организација и Светската банка, а на чие чело е поранешниот шеф на СЗО, предупредиле дека во извештајот има закана за пандемија која е вистинска.
Во случајот на пандемијата, како што прогнозирале, мноу национални здравствени системи, особено оние сиромашните, би колабирале.
Од СЗО велат дека не се добро подготвени за ваквата пандемија.
Во извештајот на ГПМБ се наведуваат и низа мерки кои меѓународната заедница треба да ги преземе за да ги заштити луѓето ширум светот во случај болеста да се рашири без контрола.
Тедрос Адхан Геберјсус, генералниот директор на СЗО, ги повика владите да научат лекции од епидемијата и да го „поправат кровот пред да дојде дождот“.