Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека новиот коронавирус во следниот период најверојатно ќе се прошири и во другите делови од Кина и можеби и во други земји.
– Во следните денови треба да се очекуваат повеќе случаи во другите делови од Кина и најверојатно и во другите земји – изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.
Британските медиуми пренесуваат дека досега во Кина вирусот главно беше концентриран во градот Вухан, иако постојат и изолирани случаи во Шангај и Пекинг.