Светската здравствена организација (СЗО) го вклучи „црвениот аларм“ за коронавирусот откако болеста се прошири на сите континенти, освен на Антарктикот.
Бројот на смртни случаи во Италија се зголеми на 21, а брјот на заразени од коронавирусот на Апенинскиот Полуостров порасна од 650 на 821. Властите во јапонскиот остров Хокаидо веќе прогласија вонредна состојба, а во земјата е евидентиран и првиот починат пациент.
Вирусот се прошири и во Германија со 60 случаи, во Франција има 57, во Шпанија 32, а денеска прв случај е евидентиран и во Мексико.
Тестовите за коронавирус потврдија 60 случаи во Германија, 57 во Франција, 32 во Шпанија додека прв случај е дијагностициран и во Мексико.
Од коронавирусот досега заболеа над 85.000 лица во светот, а починаа околу 2.900 лица.