СЗО: Владите да одлучат за евакуирање на своите граѓани од Вухан

54

Владите сами да одлучат дали сакаат да ги евакуираат своите државјани од кинескиот град Вухан, кој е епицентар на епидемијата од коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус минатата недела во Пекинг разговараше со кинески претставници во врска со мерките, вклучувајќи и можни алтернативи за евакуација на странци „доколку постојат начини за нивно сместување и заштита на нивното здравје“, истакна портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

Тој нагласи дека „доколку државите сакаат да ги евакуираат своите граѓани од Вухан, ставот на СЗО е дека за тоа треба да одлучат нивните влади“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...