Се јави ли…?

И, од една примитивна, мислам, едноставна, и сосема добронамерна, во оснава, верска традиција, за која верувам дека и чинот и намерата не и биле сместени во спектаклот и атракцијата кои намерно се прават у денешно време е искривена до бескрај.

2322

Главна тема се директните преноси од фрлањето крстови низ државава, со коментатори, камермани, репортажни коли, репортерки и репортери кои мислиш не се тресат од студот додека ги вклучуваат во живо, туку, дека викаат предизвикани од некои оргазмички сериски сеанси, па не знаеш кој колку пути свршил додека искоментирал воодушевуење од тоа што тој ја има улогата на граѓаните да им ја пренесе отмосферата у живо, да разговара со скакачите, со свештениците, кој владика со кое поповско игуменско друштво ќе го фрли крстот, и сѐ до правењето грандиозен спектакл за тоа кој го фатил кој ќе има среќа и бериќет цела година, а не цел живот, пошто другата година може да го заебе некој друг фаќач.

И, од една примитивна, мислам, едноставна, и сосема добронамерна, во оснава, верска традиција, за која верувам дека и чинот и намерата не и биле сместени во спектаклот и атракцијата кои намерно се прават у денешно време е искривена до бескрај.

Намерно, разбирасе… Плус пропратена и поткрепена со посебна статистика, со податоци, као например: кој и каде го фатил крстот лани, преклани и оломлани. Па се вадат табели, небаре стануе збор за дерби во МПЦ Премиер лига, спортски натпревар, финале на Лига на Шампиони, со статистички податоци кој колку пути го фатил, од која фамилија е, како се вика татко му, мајка му на фаќачот, од каде е, кај живее, кај се родил, и сѐ до зошто се родил…

Скакањето по крст у вода, нема везе дал је у Охридско Езеро ил у Црна река, дал скакаат у Скопје ил у Гевгелија, дал у олимписки ил у гумен базен, у поток без вода, ил у буре од 200 литри, е една од најголемите глупости на современово живеење и таканареченото свештеничко просветлување, пардон, осветуење на водата како редовна доза за заглупуење на верниците. Замислете ја моќтта на господинот господин кој со прскање од Камени, ќе го исчисти Вардар до квалитет со кој Лабораторијата за исправноста на водата за пиење при Заводот за заштита на граѓаните, ќе рече – „Да, сега од Вардар водата може да се пие!“

Глупирањето во оваа МПЦ атракција е пропратено и со силеџиство и насилништво на манифестацијата, со поткупливоста на свештениците, (една година ако паметите три пати свештеникот го фрлаше крстот во Охрид за да го фати тој што треба да го фати), е комплетно ставено во интерес на краткорочна добивка, парична и стокова, сеедно, и, нема благе везе со некаква верска манифестација преку која се одбележува православната традиција. Исто и со коледарските огнови, исто и со дарувањата во црковните храмови, со плаќањето попови за крштевки, венчавки и погреби, за осветувања темели, станови, бизниси и куќи. Сѐ е претворено во примитивен ама крупен бизнис на сметка на верата, на овците, на божемните верници, на најобичите смртници…

Битно е дека се јави.

А стварно, се јави ли…?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...