Изгледа Судот за прекршоци веќе и пресудил на активистката Ива Анзуловиќ, која денеска фрли кофа полна со гомна пред влезот на зградата на владата на Хрватска.
Тоа го објави лично Анзуловиќ на својот Фејсбук профил.
– Пет часа бев со прекрсни полицајци, па со судијката која ми пресуди десет дена затвор, но со шест месеци условно, напиша активистката. Таа додала дека е ослободена од плаќање на судски трошоци.
Според тоа што го напишала, Анзуловиќ значи нема да оди во затвор ако во следните шест месеци не фрли гомна на државна институција.