Во Зоолошка градина, почна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Екипи на „Улици и патишта” и „Водовод и канализација”, заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години, соопшти Зоолошка.
– Замерките на скопјани беа за езерата и навистина се во право. Чекавме да се подобрат временските услови и веднаш реагиравме. Се надевам во скоро време ќе имаме чисти езера – изјави директорот Галетановски.