Се урна рудник во Мјанмар, се стравува дека загинаа 54 рудари

45

Се стравува дека најмалку 50 лица загинаа во Мјанмар, во местото Хпакант, кога доцна синоќа рударите кои ископуваа жад беа потрупани со јаловина, изјавија пратеникот од тоа подрачје Тин Сое и еден спасител.

Според него, три тела се извлечени од урнатините.

Сое рече дека вкупно 54 работници, кои работеле за две рударски компании, заедно со 40 машини и возила, се заробени кога голема количина отпад паднала врз нив.

– Тие нема да преживеат. Тоа не е можно, бидејќи се наоѓаат под кал. Многу е тешко да се пронајдат – рече Сое.

Шефот на противпожарната служба Аје Теин изјави дека потрагата по преживеаните е во тек.

Смртоносните свлечишта и други несреќи се вообичаени во лошо регулираните рудници во Хпкант.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...