Се урна приватниот авион на Пинк во Данска! ВИДЕО

6228

Приватниот авион на славната пејачка Пинк (39), се урнал при слетувањето на данскиот аеродром Архус.

Во авионот биле екипажот, како и менаџерот на славната пејачка, а на видеоснимката од местото на несреќата се гледа дека пожарникарите итаат за да го изгасат огнот и да им помогнат на патниците.

Според наводите, „Cessna 560XL“ летал од Норвешка, а огнот избил неколку минути пред слетувањето. Со неверојатна среќа и благодарение на способноста на пилотот, никој од 10-те патници не е потешко повреден.

Во авионот, поконкретно, имало четири американски државјани, двајца Австралијанци, еден британски државјанин, како и пилоти од Германија и Австрија, и германска стјуардеса.

Концертот кој Пинк го има закажано за в среда, 7 август на Стадиум Каса Арена во Данска, ќе биде одржан.

Пинк во моментот е на турнеја  насловена „Beautiful Trauma“, а по Данска концерти ќе одржи во Германија (9 август), како и во Холандија (11 август).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...