Се урна првиот норвешки електричен авион

628

Електричниот авион со акумулатор-батерија „алфа електро Г2“, произведен во Норвешка, се урна во езеро, а пилотот и патникот кои биле во него не се повредени.

Сопственикот на авионот, државната авиокомпанија „Авинор“ лани соопшти дека има изгледи околу тоа трговски патнички летови со електрични авиони, да почнат да сообраќаат до 2025 година. Авионот кој се урна беше пилотиран од извршниот директор на „Авинор“, Даг Фолк-Петерсен, кој беше поканил и високи функционери на пробниот лет.

Негов сопатник при уривањето бил Асе Марте Хоригмо, помошник министер во норвешката Влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...