Воен авион Ф-16 синоќа се урна во магацин во Калифорнија, а повеќе луѓе завршија во болницата, бидејќи беа погодени од делови на леталото.
Пилотот скокнал навреме и се спуштил со падобран и тој е пренесен во болница, јавуваат американски медиуми.
Се испитува причината за падот на воениот авион. На магацинот остана огромна дупка. Сведоците изјавија дека слушнале силна експлозија.
ФОТО: АП / Курир.рс