На предлог на Министерството за здравство, на седницата на Владата е донесена одлука до Собранието да биде доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита.
Меѓу другото се предлага да се укине принципот плаќање по учинок на здравствените работници и основната плата и делот за успешност ќе се утврдува согласно колективниот договор, како создавање на услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи.