Најмалку двајца мигранти се удавија, а 25 се водат како исчезнати откако нивниот гумен чамец потонал кај западниот брег на Либија, соопшти портпаролот на крајбрежната стража Ајуб Касем.
Припадници на крајбрежната стража досега извлекле тела на една жена и дете. Спасени се 73 мигранти, од кои 40 мажи, 25 жени и осум деца од Судан, Кенија, Брегот на слоновата коска и Нигерија.
Според податоци на Агенцијата на ОН за миграции, минатата година во Средоземното Море загинале или исчезнале 2.297 мигранти од 116.959 колку што по морски пат стигнале до Европа.