Се удавило 11-годишно момче во езеро во Хрватска

161

Нуркачи синоќа во езерото Чинги Линги го пронашле телото на 11-годишното момче кое во водата исчезнало околу 19 часот.

Целото семејство, мајката, двајцата синови и двете ќерки, отишло на капење, а момчето исчезнало пред очите на мајката.

Пливачите во близина сведочеле дека одеднаш таа очајно почнала да вика дека се удавил нејзиниот син.

Дваесетина лица почнале да го бараат за да го спасат, но безуспешно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...