Се судрија албански мерцедес и товарно возило на патот Градско-Росоман, сообраќајот по една лента

109

Се судрија возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Во тек е увид на самото место. Едната лента е затворена за сообраќај, а сообраќајот регулиран од полицијата, се одвива по другата лента. Повредени нема, причинета е само материјална штета, појасни Додевски.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за сообраќајката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...