АД ЕСМ, подружница „Енергетика” соопшти дека денеска го вклучи парното во населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром со кое се топлат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти.
Како што соопштија од „Енергетика”, стручни екипи во изминатиот период извршиле ладни проби на системот, со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување со
топлинска енергија за корисниците.
Инаку, „Енергетика” бележи зголемен интерес за приклучување на системот на
парно греење, како од индивидуални куќи, така и од новоизградени станбени
згради во овие населби.
Во управната зграда на ,,Енергетика” во населба Железара достапна е канцеларија за
сите информации потребни на граѓаните, како и телефонските броеви 3104 816 и
3104 872.