Три лица вчера физички се пресметале при точење гориво на бензинска пумпа на булеварот Борис Трајковски во Скопје.
Полицијата соопшти дека во тепачката учествувале В.Г.(27) и М.З.(21) од една страна и М.Ј.(36) од друга страна.
„Додека М.Ј. точел гориво во неговото возило позади него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата“, соопшти МВР.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.