Се сруши потполно потпорниот ѕид на Коридорот 10 кај тунелот „Предејане“

3754

Потпорниот ѕид кој вчера делумно се сруши на Коридорот 10 пред тунелот „Предејане“, денсека целосно се урна, пренесува N1.

Се работи за ѕид со косина во должина од 725 метри и кој во последните пет месеци се руши веќе трипати.

Вчера изутрина околу девет часот свлечиштето целосно уништи околу 500 метри квадратни бетонска галерија над местото каде што се гради новиот коловоз на автопатот.

Денес, меѓутоа, ситуацијата е уште полоша бидејќи ѕидот целосно се сруши, о во близината немало работници.

Надлежните тврдат дека изведувач на работите на овој дел од автопатот е шпанската компанија „Азви“, а стручниот надзор го врши конзорциумот „Louis Berger i Egnatia Odos“.

Проектот е финансиран од Европската Инвестициона банка.

 

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...