Се снимала со телефон додека доживувала мозочен удар! ФОТО+ВИДЕО

Најпрво почнала да и се грчи едната страна на лицето, поради што ги отворала и затворала усните за да и се врати чувството.

612

Стејси Џипс (49) се возела накај дома од работа кога одеднаш почнала да губи контрола над левата страна на телото.

Сфатила дека станува збор за состојба што настапува пред мозочен удар, па одлучила симптомите да ги сними со мобилен телефон за на другите да им помогне навреме да препознаат што се случува и што побрзо да побараат лекарска помош.

Најпрво почнала да и се грчи едната страна на лицето, поради што ги отворала и затворала усните за да и се врати чувството. На момент морала да ги затворa очите, што укажува на тоа дека трпела голема болка.

Со рацете се обидела да допре врвот на носот, што невешто  и тоа го направила. Потоа ги стискала прстите во дланката за да се обиде да го врати чувството во левата рака.

– Сега е 2 април, 6:42 и повторно се случува. Не знам зошто – вели таа додека ја започнува оваа снимка. Ова не и се случувало првпат, туку веќе извесно време добивала послаби шлогови. Првиот мозочен удар и се случил додека возела. Вели, дека одеднаш почувствувала слабост во телото и ја преплавила паника.

Ниеден од овие симптоми не е добар, а особено ако се здружени, знајте дека е момент веднаш да се јавите кај лекар!

 

ФОТО: Јутјуб/Скриншот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...