Се слушаат телефонските разговори во „„Монструм“, Косово сѐ уште чува двајца обвинети

Првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, но оттаму сѐ уште нема ништо ново за постапката за екстрадиција.

90
Фото: МИА

Со внесување на исказите на родителите на жртвите и другите материјални докази во записник за главен претрес почна денешното рочиште за предметот „Монструм“ на СЈО за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година.

Постапката продолжи со прикажување на доказите обезбедени со посебни истражни мерки (ПИ мерки) односно со пуштање на телефонски разговори поврзани со убиството, но судијата Огнен Ставрев ја исклучи јавноста.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута, но Врховниот суд ги укина пресудите и случајот минатата годна почна од почеток, откако го презеде СЈО.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, но оттаму сѐ уште нема ништо ново за постапката за екстрадиција.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...