Во близина на главниот плоштад во Тетово пронајдено е лицето со иницијали Ф.Т роден 1962 година, потврди МВР.
Според првичните информации, станува збор за самоубиство, а покрај телото е поронајден пиштол.
Според телевизијата Алсат, безживотното тело било најдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција.
Убиениот е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.
На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје.
Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосна истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.