Се самоубил напаѓачот кој уби шестмина во болницата во Острава

Го пронајдовме напаѓачот. Четириесет и две годишниот маж се застрелал во главата пред ние да интервенираме. Тој е мртов, изјавија од полицијата.

286

Напаѓачот, кој отвори оган во болница во чешкиот град Острава и уби шест лица, се самоубил, соопшти полицијата на Твитер.

Безбедносните органи појаснуваат дека мажот си пукал во главата.

– Го пронајдовме напаѓачот. Четириесет и две годишниот маж се застрелал во главата пред ние да интервенираме. Тој е мртов, изјавија од полицијата.

Мотивот за нападот утринава во Универзитетската болница во Острава останува неизвесен. Во нападот се повредени и две лица, кои се наоѓаат во критична состојба.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш изјави дека ќе го посети местото на инцидентот заедно со министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...