М.А. во село Лажани, Прилепско, вчера, испукал еден куршум и се повредил во левата рака додека го чистел пиштолот што го поседувал со дозола.
Како што соопшти МВР, во Полициската станица Прилеп настанот бил пријавен вчера во 14,40 часот.
Повредениот бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.