Се самозапали новинар во Тунис, судир меѓу демонстрантите и полицијата (ВИДЕО)

Во име на синовите на Касерин, кои немаат средства за храна, денеска ќе почнам револуција, ќе се запалам, изјави Зоргуи во видео снимката, што ја објави пред смртта.

100
ФОТО: Принтскрин

Полицијата употреби солзавец со цел да ги растера демонстрантите кои протестираа во тунискиот град Касерин по денешниот погребот на новинар, кој се самозапали.

Новинарот Абдел Разак Зоргуи (32) се самозапали во знак на протест поради високата стаппка на невработеност и влошувањето на економската ситуација во истоимената провинција Касерин, која е една од најсиромашните во Тунис.

– Во име на синовите на Касерин, кои немаат средства за храна, денеска ќе почнам револуција, ќе се запалам – изјави Зоргуи во видео снимката, што ја објави пред смртта.

Во декември 2010 година млад трговец се самозапали во градот Сиди Бузир, што доведе до масовни протести и смена на режимот на Зин ал Абидин бен Али во јануари 2011 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...