Ни се роди бебе. Малото преслатко Бамби е старо само неколку денови, а освен мајката за него се грижат и другите срни во групата. Да ни е живо и здраво!
Ова е објавата на официјалната фејсбук-страница на Скопје/ЗОО, Зоолошка градина Скопје.
На фејсбук-страницата може да се добијат и други информации за животните и за нивните „активности“.
Неодамна фамилијата лемури доби нови играчки.
– Горди сме на нашите ЗОО негуватели кои се големи креативци и постојано ги изненадуваат животните со нови интересни содржини во нивните живеалишта, пишуваат луѓето од ЗОО-Скопје.