Се реконструира градскиот плоштад во Куманово

93

Општина Куманово започна со санација на двата делови од плоштадот „Маршал Тито“ во градот.

Екипите на фирмата изведувач ги санира дотраените и искршени мермерни и бекатонски плочки на двата делови од плоштадот, како и скалите и сливниците.

За санацијата од општинскиот буџет се одвоени 1,5 милиони денари и Данок на додадена вредност.

Освен, плочките на плоштадот, ќе се реконструираат и решетките за сливниците и скалите кои веќе се дотраени.

– Паралелно ќе се работи и на големиот и малиот плоштад во зависност од потребите – информираше раководителот на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.

Со овој тендер, појаснуваат надлежните од Општината, предвидено е да се постави и нова урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...