Се разбудила по 72 часа клиничка смрт

522

Девојка од источно-кинеската провинција Фуџијан се опорави по 72-часовна клиничка смрт, откако на 1. јануари била итно примена в болница поради забрзано чукање на срцето.

По згрижувањето, нејзиното срце прекинало да работи, а таа ја загубила свеста. Лекарите утврдиле миокардитис – воспаление на срцевиот мускул, па веднаш била приклучена на апарати.

Тие ѝ го спасиле животот, но срцето повторно почнало да пумпа крв дури следното утро, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.

– Откако ги отвори очите, ја прашав дали е среќна и дали може да ме фати за рака. Кога таа го направи тоа, сфатив дека таа се врати во живот, раскажува д-р Занг Минвеј од болницата при Универзитетот на Сјамен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...