Се разболеа адвокатите на Јанева, судењето за „Рекет“ се одложува за четврток

И сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова ќе „почека“ до 23 јануари

272

Судењето за „Рекет“ се одложува за 23 јануари на барање на бранителите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, поради влошена здравствена состојба на двајцата адвокати.

Кадиев е на Инфективната клиника и до петок треба да прима терапија, рече претставник од канцеларијата на адвокатот. Фрчкоска до утре треба да достави медицинска документација за нејзината здравствена состојба.

Барањето за одлагање на главната расправа на која требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова било поднесено на 15 јануари.

– Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчкоска исто така за одлагање, која  била болна. За разлика од Кадиев, Фрчкоска нема доставено документација – рече судијката Васка Николовска Масевска.

Стефанова, летоска во август, речиси пет часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметот ,,Империја” со ,,Рекет“.

– Свесна сум за огромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на случајот „Рекет“ со „Империја“. Сè што ми е познато за случајов, кажав – рече Стефанова по распитот.

Таа беше спомната во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во кои Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, како обвинител во „Империја”.

Стефанова летоска во август, речиси пет часа беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција и рече дека кажала сè што знаела за поврзаноста на предметот ,,Империја” со ,,Рекет“.

– Свесна сум за огромниот интерес на јавноста и сите допирни точки на случајот „Рекет“ со „Империја“. Сè што ми е познато за случајов, кажав – рече Стефанова по распитот.

Таа беше спомната во снимените разговори и видеата што ги објави интернет-изданието на италијанскиот весник „Ла верита”, а во кои Јанева, вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова, како обвинител во „Империја”.

Во случајот „Рекет“, покрај Јанева, обвинет е и Бојан Јовановски, додека Зоран Милевски Кичеец, на почетокот на судењето, призна вина и доби тригодишна затворска казна

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...