Се работи на дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

122

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека нивни екипи до крајот на работниот ден ќе ја заменат цевката и ќе го санираат дефектот на ул. „Теодосиј Гологанов“, наспроти фабриката Реплек.

Дефектот, како што се посочува, е настанат заради технички неисправно затрупување на ровот, од страна на фирмата која барала приклучок за новоизградена зграда.

Од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје се издадени технички услови за приклучување на оваа зграда за што добила Решение, во кое е наведено дека ископот, затрупувањето и враќање во првобитна состојба треба да го изврши фирмата барател. Но, фирмата што ја гради зградата постапила нестручно при затрупувањето на ровот каде се наоѓа овој приклучок.

Имено, затрупувањето според процедурите го врши фирмата која бара приклучок, а во случајов оваа фирма не постапила по сите технички норми и процедури (обезбедување на постојната водоводната цевка со анкерни блокови, односно подупирање), а затрупувањето не го направила во слоеви од по 30 см, туку со целата тежина ја исфрлила земјата врз цевката. Од тежината на земјата дошло до нејзино прекршување, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...