Започна проширувањето на булеварот АСНОМ по што ќе следува изградбата на мост на реката Вардар како дел од проектот за поврзување на општините Аеродром и Гази Баба.
Проширувањето се одвива на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата со булулеварот Васко Карангелески во должина од 845 метри. со ова проширување булеварот ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот, како и тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки.
Првата фаза од изградбата на булеварот АСНОМ треба да заврши за 6 месеци, за што се планира да бидат потрошени околу 50,6 милиони денари.
– Градот Скопје ги заврши сите постапки и очекувам првата фаза од овој капитален проект да биде готова до крајот на оваа година, по што ќе продолжи реализацијата на втората фаза и изградбата на мостот на реката Вардар. Ова е само еден од многуте инфраструктурни проекти кои ќе ги реализираме годинава за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Скопје ијзави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
То јнајави дека оваа година целосно ќе биде реконструиран булеварот Партизански одреди од крстосницата со булеварот 8 Септември до мостот Обединети нации во Влае и целосно биде реконструиран булеварот Кочо Рацин од крстосницата кај Веро Центар до улицата 11 Октомври (Црвен крст), а ќе се работи и на двата нови булевари Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.