Курт Кобејн и Кортни Лав ја купиле куќата во Сиетл во јануари 1994 година за 1 милион долари и сега се продава за 7,5 милиони долари. Двојката, на прекрасниот имот на брегот на реката Вашингтон, за жал,живееше заедно многу кратко.
По неколкуте неуспешни обиди на Кобејн да се ослободи од хероинската зависност и откако социјалната служба двапати им ја одзела нивната ќерка Франсис Бин, тој се самоубил на 5 април 1994 година, на таванот на куќата.
Неговото тело по три дена го пронашол електричар кој дошол да го инсталира безбедносниот систем.
Фронтменот на „Нирвана“ се застрелал со пиштол во главата, а покрај неговото тело пронашле проштално писмо напишано со црвено мастило.
Кортни Лов и натаму живееше таму по трагедијата, а во 1997 година ја продаде куќата за 2,9 милиони долари. Сегашните сопственици добија закупни права во 2000 година.
Домот има површина од 8.000 квадратни метри и е на 0,74 хектари земја. Има четири спални соби и четири купатила со посебна гаража и потпорен ѕид што доплнително е изграден во 1999 година.
FOTO: Instagram/Printskrin