Се проверува дали биле пијани возачите на автобусот и камионот кои направија сообраќајка

247

Покрај увидот кој го направиле екипи на МВР и обезбедувањето траги од лице место, обвинител дал наредба и за сообраќајно техничко вештачење, но и за проверка на  присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи во вчерашната сообраќајка помеѓу автобус и камион.

Сообраќајната несреќа се случи вчера околу 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип.

Во несреќата се лесно и тешко повредени 22 патници од автобусот. Возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е испратен од болницата во Велес во Скопските клиники.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...