Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.
Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се: да бидат државјани на Македонија; да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.
Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Рокот за пријавување е 15 дена.