Се приведува Катица Јанева

3882

Блокиранa е улицата во која се наоѓа домот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Скопје, која во моментов се приведува.

Таа вчера повеќе од четири часа даваше исказ во обвинителството за гонење криминал и корупција во врска со случајот „Рекет“.

Како што дознаваме, се приведуваат и други лица на повеќе локации во Скопје.

За денеска во 14 часот во врска со случајот „Рекет“ е најавена прес конференција на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...