Се преврте пожарна во Маџари, повредени се тројца пожарникари

497

Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повреденини денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.

– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.

Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

ФОТО: Канал 5

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...