Се преврте камион кај кривопаланечкото село Псача

149

Камион Сканија со скопски регистарски ознаки се преврте на магистралниот пат А2, Крива Паланка -Куманово, кај село Псача.

Според податоците од СВР Куманово, сообраќајната незгода е пријавена во полиција во 12 часот и 20 минути.

– Со товарното моторно возило управувал М.С., роден 1961 година. Движејќи се во правец од Крива Паланка кон Куманово, од засега непознати причини возачот изгубил контрола и излетал од патот, при што дошло до превртување на возилото, информираат од СВР Куманово.

Увидот на полицијата е се уште во тек и се работи на утврдување на причините за незгодата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...