Се превртел автобус во Црна Гора, повредени 37 лица

Неофицијално, никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.

771
ФОТО: Горан Малиџан / Вијести

При сообраќајка на влезот во Плевља синоќа се превртел автобус и 37 лица се здобиле со повреди, пренесува „Курир.рс“.

Несреќата се случила околу 23 часот кога се судриле патничко возило „мерцедес“ и автобус од Никшиќ. Од силниот удар дошло до превртување на автобусот.

Неофицијално, никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.

– Автобусот одел од Никшиќ кон Врбас, а по судирот, тој слетал од главниот пат – пишува порталот ПВ Информер.

Во автобусот се возеле околу 40 патници.

ФОТО: Горан Малиџан / Вијести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...