Се превртеле два трактора во Малешевијата, возачите со тешки повреди

112

Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките“ во атар на село Двориште.

Педесет и четиригодишниот Б.Цод Беровоуправувајќи трактор „ИМТ“ со беровски регистарски ознаки на кој била и неговата сопруга И.Ц., изгубил контрола над тракторот и се превртелпри што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во болницата во Струмица, вели Панајотова.

Втората несреќа се случила во атарот на село Русиново, каде што 63 -годишниот    А.Г.  стартувајќи го тракторот „Фиат“, со беровски регистарски ознакиизгубил контрола,  се превртелпри што се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош Берово бил пренесен во Клиничката болница Штип.

Увид на местото во двете несреќи извршила увидна екипа на Полициската станица-Берово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...