Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека целосно се почитуваат препораките на Венецијанската комисија во однос на вклучувањето на владините претставници во кампањата за претстојниот референдум.
– Нашите секојдневни активности се поврзани со овој наш државен стратегиски интерес и така е во изминатите 27 години од независноста на Македонија. Ние немаме Влада којашто немала приоритет и интерес за зачленување на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Владата одвои 400 илјади денари за промоција на бенефитите од влезот во НАТО и ЕУ на социјалните мрежи и тоа ќе го работиме во рамки на тековните активности – рече Боњшаковски, одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата.