Русинката Валерија (12) им раскажала на другарите во училиштето дека јадела човечко месо заедно со своето 22-годишно момче. Канибалот и педофил Аркадиј Зверев починал неодамна во затвор. Откако се обидел да си го одземе животот, четири месеци бил во кома, за на крај да умре во болницата. На неговото судење се спомнувало девојчето Валерија, кое била негова жртва.
Налутените родители барале девојчето да се исфрли од училиштето откако Валерија на згрозените другари им раскажала колку човечкиот мозок е вкусен. Валерија детално им опишала како го приготвувала човечкото место во тавата и како го изела со своето момче. Таа рекла дека човечкото срце има „сладок вкус“, додека пак, човечкиот мозок е „многу вкусен“.
Полицијата открила дека жртва на канибалот бил 21-годишниот Александер Попович, сопственик на станот кој Зверев го изнајмил. Двојката била уапсена откако се обидела да ја запали куќата во селото Новинка кај Санкт Петербург. Прв во куќата влегол братот на Александер.
– Влегов преку прозорецот. Внатре беше хаос, како да беше ограбена куќата. Потоа видов нешто крваво покриено со ќебе. Панично истрчав надвор. Мојата единствена мисла беше „само да не е тој“. Ги повикав соседите, и двајца од нив влегоа внатре. Веднаш сфатиле дека тоа е мојот брат – раскажало момчето.
FOTO: Fejsbuk/Printskrin