СЕ: Постапка против Србија поради застој во борбата против корупцијата

За Србија и осум други земји, Советот на Европа покрена постапка поради „во целост незадоволителното“ спроведување на препораките за спречување на корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите.

71

За Србија и осум други земји, Советот на Европа покрена постапка поради „во целост незадоволителното“ спроведување на препораките за спречување на корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите.

Тоа се препораки на Групата земји против корупција (ГРЕКО), која работи во рамките на Советот на Европа и чиј годишен извештај беше објавен денеска во Брисел и Стразбур, со предупредување дека е дојдено до „пад во борбата против корупцијата“.

Покрај Србија, постапка поради неспроведувањето на препораките на ова тело во Советот на Европа почната е и за Белгија, Унгарија, Ирска, Луксембург, Португалија, Романија, Шпанија и Турција.

Советот на Европа и ГРЕКО во посебна изјава истакнуваат дека „во некои европски земји во 2017 година дојдено е до застој и промена на законските иницијативи за забрзување на реформите кои претходно беа покренати за да се зајакне спречувањето на корупцијата или се подготвуваат реформи кои би можеле да доведат до прекршување на нормите на Советот на Европа за сузбивање на корупцијата“.

– И покрај постигнатиот напредок, спроведувањето на новите мерки за борба против корупцијата меѓу парламентарците, судиите и обвинителите се спроведува забавено, се посочува во извештајот на ГРЕКО.

Групата земји против корупција ја истака клучната улога на новинарите во борбата против корупцијата и и оддаде признание на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, чие убиство, како што е наведено, „ја потврди потребата да се заштитат новинарите кои ја истражуваат корупцијата и пред силата на законот да ги изведат виновниците на злосторствата против нив“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...