Една жена се породила на стебло од манго, бегајќи од поплава во средишните делови на Мозамбик, која била предизвикана од циклонот Идаи, објави Би-би-си.
Амелија, инаку самохрана мајка, на свет донесе женско бебе, кое го крсти Сара. Таа се држела на гранките и себе си и девојчето и двегодишниот син цели два дена. Соседите ги спасиле откако минала бурата која уби најмалку 700 луѓе.
– Бев дома со синчето кога, одеднаш, водата почна да навлегува во куќата… Немав друг избор освен да се качам на дрвото – изјави храбрата мајка.
Амелија, новороденчето и нејзиниот син се сместени во привремено прифатилиште во соседното село. Според УНИЦЕФ, тие се во добра здравствена состојба.
Сличен настан се случил пред 20 години, кога бебе се роди на дрво среде поплава во јужен Мозамбик.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб