Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, изврши увид во градежните работи за санација на патот кој води кон месноста Три круши.
– Во моментов се работи на санација на патот во должина од 660 метри, а со оваа реконструкција на два крака кои водат до куќите на жителите во овој дел од населбата, поставени се павер елементи во должина од 220 метри. На патот ќе се постават и 23 столба за светилки. По завршувањето на работните активности, граѓаните полесно и безбедно ќе стигаат до своите домови и до познатото излетничко место Три круши, соопшти Општина Кисела Вода.