Се поедноставуваат условите за кожарската и текстилната индустрија, полесно ќе можат да аплицираат за планот за економски раст

267

Планот за економски раст го проширува опсегот на повеќе компании од приближно 8000, колку што досега се проценети. Бројот на компании што ги прифаќаат мерките се зголемува со компаниите од текстилната и кожарската индустрија кои истапија со барање да бидат вклучени во овие мерки.

Со амандманот поднесен од СДСМ на Законот за финансиска поддршка, компаниите од кожарската и текстилната индустрија ќе можат полесно да аплицираат за мерките за економски раст.

Текстилната индустрија во Македонија е најранлива, но сепак игра голема улога во креирањето на Бруто домашниот производ (БДП), во ангажирањето на работната сила, како и во делот на извозот. Текстилната индустрија ангажира околу 38.000 луѓе, кожарската околу 5.000. Оттука речиси 7.5% од сите вработени се дел од овие гранки, а над 15% од македонскиот извоз го сочинуваат текстилните производи.
Целта на мерките за економски раст е овие бројки да бидат подобрени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...