Се подготвува попис, а ДИК веројатно ќе го чешла Избирачкиот список

1229

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на прочистувањето на Избирачкиот список денеска изјави дека се наследени повеќе проблеми и оти надлежните институции соодветно треба да ги адресираат и решаваат.

На прес-конференцијата во Владата, Бошњаковски посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и оти над 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список, што секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.

– Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат. Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список, меѓутоа сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации и да се решат – рече Бошњаковски.

Тој додаде дека не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...