Во текот на изминатите три дена непознати сторители опожариле контејнери на „Комунална хигиена“ – Скопје, соопшти Јавното претпријатие.
Само во четвртокот биле опожарени пет контејнери на три локации во општината Карпош – две на булеварот Партизански одреди и една на улицата Московска.
Во текот на вчерашната ноќ гореле два контејнера кај хотелот „Карпош“ во општината, како и еден на главната улица во општината Ѓорче Петров. Најголемиот дел од опожарените контејнери се целосно уништени и утринава биле заменети со комплетно нови садови.