Ватикан денеска ги отвора архивите од времето на папата Пие XII, на кого критичарите му препишуваат дека во текот на Втората светска војна не протестирал против холокаустот.
На историчарите и истражувачите на овој нанин ќе им стане достапна документацијата од понтификатот на контроверизниот папа Пие XII, кој на чело на Римокатоличката црква бил од 1939 до 1958 година.
Многу Евреи сметаат дека папата недоволно направил да ги заштити во текот на Втората светска војна. Од друга страна, Ватикан тврди дека Пие XII тајно им помагал на Евреите, сметајќи дека во спротивно би предизвикал остра реакција од Третиот рајх со тоа ќе ја влошел ситуацијата на Евреите, но и на католиците во воена Европа, пренесе Хина.
Експертите се надеваат дека меѓу достапните документи ќе се најдат и извори за тогашната дебата во Ватикан.
Од денеска повеќе архиви ќе овозможат увид во своите материјали од времето на понтификатот на Пие XII од кои најголем и најпознат е Ватиканскиот апостолски архив, кој порано се нарекуваше „Ватикански таен архив“. Во него се наоѓаат документи на Црквата што досегаат до 1.000 години наназад во минатото.
Државните архиви соддржат примарни извори на одредена земја, но Ватиканскиот таен архив ја има документацијата од целиот свет.
ФОТО: EPA / ALESSANDRO DI MEO