Се оствари желбата на ќеркичките на Тевдовски

Во интервју за нашиот портал пред неполни 4 месеци тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски ни ја откри желбата на своите ќеркички кои му велеле: Ти да се вратиш на факултет, а некој друг да биде министер! Девојчињата можат да бидат задоволни, бидејќи тато сега ќе поминува повеќе време со нив

9736

Пред неполни четири месеци во интервју за „Мајка и дете“, Драган Тевдовски, сега веќе поранешен министер за финансии, ни ја откри желбата на неговите ќеркички кои му велеле: Ти да се вратиш на факултет, а некој друг да биде министер!

Пред неколку дена Тевдовски беше разрешен од позицијата министер за финансии и на „Фејсбук“ објави дека во иднина повторно им се враќа на ангажманите на Економскиот факултет во Скопје.

Тоа само не потсети на неговото неодамнешно интервју за нашиот портал.

Се надеваме дека целата ситуација ќе ѝ оди во прилог на желбата на неговите ќерки и дека Каја, Ема и Сара можат да бидат задоволни бидејќи тато сега ќе поминува повеќе време со нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...